Добри ли сте?
1. КОЈ ЗАМИНУВА, КОЈ ОСТАНУВА
Со години зборувавме за семејното и интимното партнерско насилство како да е природна непогода. Некому му се случува, таква им била среќата и судбината. Лесно е да се зборува за „судбина“ кога е туѓа. Решението што најчесто се нуди се засолништа, таканаречени шелтри, во кои жената ќе се смести, ако има деца, со децата и ете општеството го решил...
Прочитај повеќе2. ШТО СМЕ ПРОБАЛЕ (И ШТО НЕ СМЕ)
Истовремено, работата со сторителите е занемарен дел од равенката. Не зборуваме за програми во затвори, не зборуваме за програми за зависници и алкохоличари, за справување со бес, лутина и траума. Можеби, бидејќи овој пристап се смета за емпатичен спрема некој што уништил туѓ живот. Се смета дека на тој начин „им помагаме, ги толерираме или дури...
Прочитај повеќе3. КАКО СЕКОГАШ ТАКА И СЕГА
Одговорот лежи во односите на моќ и политичките одлуки. Семејното насилство е вкоренето во нееднакви односи на моќ, а креирањето политики историски го одразува тој дисбаланс. Системите, во голема мера дизајнирани од мажи, даваат приоритет на отстранување на преживеаните на безбедно место, наместо на реструктурирање на одговорноста на сторителите....
Прочитај повеќе4. КОРЕНОТ НА ПРОБЛЕМОТ
Еден од основните двигатели на насилството е патријархалниот систем на вредности каде што мажите се социјализирани да бидат доминантни и да имаат контрола, никогаш да не покажуваат ранливост или да бараат здрави начини да ги изразат своите емоции и своите искуства, колку и да се трауматични. Учат дека лутината и агресијата се општествено...
Прочитај повеќеСИРОМАШТИЈАТА ЈА СОБИРА ВО ДВЕ КЕСИ ИНСТАНТ СУПА
Човекот на каса купи само две кеси инстант супа, што наскоро ќе се претвори во големо тенџере топла солена супа. Но веројатно тоа никого не го зачуди, ниту некој посебно го забележа. Зошто би забележале сиромаштија сместена во две кеси супа на која што не гледаат на тој начин
Ѓаволот носи Прада 2: Ни Ѓаволот не е она што беше! Филм за времето на новиот медиумски поредок
Филмот се снима две години, се гледа два часа, а може да се уништи за две минути. На Твитер и побрзо. Затоа, ова е само резиме од еден обичен гледач што сугерира филмот да се гледа.
ПРВИ МАЈ Е НОВИОТ ВТОРИ МАЈ
И овој први мај времето не се промени. Врне и студи. Но, затоа времињата се променија. Заборавени се тревниците со вртипоп на кои децата трчаат по пеперутки. И се уште постојат граници на кои поминува денот на трудот.
Почнав од иднината, тоа е Museum moderner Kunst Stiftung Ludwig Wien
Во Виена постои една мала туристичка заблуда. Луѓето мислат дека градот треба да се чита хронолошки. Прво империјата. Потоа модерната. Па дури на крајот современоста.
КОНТИНУИТЕТОТ КАКО ЛУКСУЗ: ПРИКАЗНАТА ЗА 32 СЕЗОНИ
Триесет и две сезони подоцна Модниот викенд во Скопје дојде до таа точка кога не мора веќе да се докажува. Тоа веќе не е обичен настан туку се однесува како систем, платформа што создава внатрешна вредност.
ГТЦ ВЕЌЕ ОДАМНА Е СИМБОЛ НА ГРАДОТ САМО НА ХАРТИЈА
ГТЦ не е бетон. Изграден е од монтажни панели и челични конструкции, иднината на светската архитектура револуционерен и за денешно време. Оставен е да пропаѓа на очиглед на сите.
ШТО НИ КАЖУВА ЕДНО ОБИЧНО ЛАЛЕ ОД ПАЗАРОТ БУЊАКОВЕЦ?
Нашето лале од бавчата во Ѓорче чини 50 денари. Вредноста повеќекратно ја надминува неговата цена.
Лалето не е обичен цвет. Настанало еднаш во пустината од солзите на момче што плачело по девојка што не го сака.
Дали го познаваме Скопје? Каде е сквер Јадран и кои се неговите добри страни и тајни
На сквер Јадран има дрвореди од јапонски цреши, магнолии и зеленило, клупи и мир. Идеално место за летно кино и концерти.
ЗА ЧИЧКО ДРАГИ ОД РЕКОРД
Чичко Драги не беше обичен човек, уште помалку обичен продавач на ситници на тезга на Рекорд. Со текот на времето тој стана знаменитост, дел од скопската урбана сцена, еден вид симбол на градот што претставува добрина и достоинство. Една орхидеја, за него кажуваше повеќе од сѐ друго…
ЈАЗИКОТ НА ЦВЕЌЕТО И ЦВЕТОТ ВРЕДЕН ЗЛАТО
Модните дизајнери оваа година масовно посегнаа по цвеќето за да ги украсат своите креации. Цветните мотиви се најзастапени во колекцијата на Dior благодарение на новиот креативен директор Jonathan Anderson, поранешен дизајнер во Loewe.
Крајот на една гастрономска ера: случајот на Рене Реџепи
Денес Рене Реџепи објави дека се повлекува од секојдневното водење на Noma и дека ресторанот го остава во рацете на својот тим.
Трансакција за храброст
Секој март компаниите се соочуваат со истото прашање. Што да направиме за 8 март? Некои одговорот го наоѓаат во цвеќе. Некои во попусти. Некои во визуели со пастелни бои и пораки што звучат доволно убаво за да поминат на Инстаграм. Маркетинг календарот е уреден, чист и предвидлив. Празниците се означени. Кампањите се подготвени. Пораките се исполирани. И сè функционира, сè додека реалноста не реши да се вмеша.
Како се случува жените секогаш да поминат полошо
Празникот на жената кај нас оваа година има црн флор. Не само заради последното страдање на жена и дете, туку заради сите жени што страдаат од закоравените сфаќања на средината, истовремено незаштитени од државата. Заради сите жени што се уште им слугуваат на мажите, и дома, и на работното место.
Отчетот, чантата, Орце и Филхармонија
Како една обична чанта го одврати вниманието и му ја зема славата на отчетот на Орце Ѓорѓиевски, што претендираше да каже како во првите 100 дена почна да му го враќа сјајот на Скопје.
Сите најубави нешта се тие што не ги гледаме додека ги живееме – интервју со Игор Ангелов
Некои претстави не доаѓаат во нашиот живот како големи спектакли со оркестар и завеси што се спуштаат. Некои претстави доаѓаат тивко, со лист хартија, пенкало и едно дете што почнува да запишува: „сладолед, филмот што те тера да плачеш, смеењето на некој што го сакаш“. Така почнува текстот на Данкан МекМилан – и така почнува и монодрамата Сите најубави нешта.
The Dude веќе не е само скопска приказна. Тие се светска референца. Вторпат во 100 најдобри!
The Dude Specialty Coffee од Скопје повторно е избрана меѓу 100-те најдобри кафетерии во светот. По втор пат. И не, ова не е „уште една добра вест“.
Ова е редок момент кога универзумот функционира логично.
Скопската гастрономска сцена се менува и се пополнува. Сепак, романтичната приказна од Езерце и хотел Јадран засекогаш исчезна.
Позитивните и негативните страни на новото време се гледаат токму на ресто – сцената. Се снимаат видеа, се сликаат слики, се мести храната не за јадење туку за сликање, ечи музика што е далеку од жива, а најавениот гулаш е далеку од вистинскиот.
ТАНЦОТ НА БИТОЛА И СВЕТОТ КАКО СЦЕНА: фолклорот е карта до она што не се учи туку се пренесува. Преку глас, Преку облека. Преку танц
Битола како Pamplona…или како Buñol…или како Agra за време на Holi фестивалот…
А зошто да не?
Ништо не е далечно кога личи на заборавен дел од тебе. Во Глобочани не се оди случајно. Или ќе те донесе некоја мисија, или нешто подлабоко што нема име
Еден ден во Мала Преспа што не беше патување, туку сведоштво. За писателот Стерјо Спасе. За жените од Глобочани и Долна Горица. За калта, крапот, тишината и отпорот.
ШТО Е ТОА НУЛТА?
Има толку добри нешта за кои треба да се зборува. Има толку добри луѓе за кои треба да се пишува. Живееме во толку голема земја колку што сака да биде.









































































