Помеѓу огнот и витрината

Објавено

Додека Олимпијадата во Cortina d’Ampezzo оди кон својот крај, додека камерите ги бараат последните солзи и последните медали, јас мислам на една постара победа.
Некои претстави не доаѓаат во нашиот живот како големи спектакли со оркестар и завеси што се спуштаат. Некои претстави доаѓаат тивко, со лист хартија, пенкало и едно дете што почнува да запишува: „сладолед, филмот што те тера да плачеш, смеењето на некој што го сакаш“. Така почнува текстот на Данкан МекМилан – и така почнува и монодрамата Сите најубави нешта.