Nulta.mk Logo
null null
Уредник
Cover Image for null null
null null
Уредник
По убедување bon vivant со нескротлива верба во убавината на животот. По природа вечен истражувач со страст за откривање нови светови. По професија новинарка и ПР стратег. Својата новинарска приказна ја започна пред повеќе од 25 години, работејќи во медиуми, организации и институции кои активно учествуваа во пионерската работа во креирањето на медиумската регулатива. Нејзините професионални патишта вклучуваат улоги како ТВ продуцент, водител, модератор на настани од различни области, како и шестгодишно искуство како ПР експерт за значајни компании, настани и институции. Секогаш посветена на личната едукација, таа го има проширено своето знаење на престижната Cronkite School of Journalism and Mass Communication на Arizona State University, каде стекна експертиза во медија менаџмент. Во Вермонт, САД, заврши програма за International Policy Advocacy, со дополнително искуство  во Вашингтон Д.С. во организација на врвни лобисти. Добитник е на бројни признанија, меѓу кои се истакнуваат специјалната награда за Outstanding Women in Society од поранешниот американски амбасадор Лоренс Батлер и награда за ТВ продуцент на фестивалот во Кошице, Словачка. Како љубител на динамичната природа на медиумите, Љубица ја балансира својата страст за новинарството со иновативни ПР кампањи, волонтерски активности и проекти за креирање подобро општество. Нејзиниот ангажман е посветен на автентично раскажување и креирање на трајни вредности.

Прочитај повеќе од

Cover Image for ВАСКО ДУКОВСКИ: СВЕТОТ Е ГОЛЕМ, АМА НЕКОИ ЗВУЦИ ЗНААТ КАДЕ ДА СЕ ВРАТАТ

ВАСКО ДУКОВСКИ: СВЕТОТ Е ГОЛЕМ, АМА НЕКОИ ЗВУЦИ ЗНААТ КАДЕ ДА СЕ ВРАТАТ

Во Охрид се враќа ова лето со Quadrivium Clarinet Camp & Festival. Камп и фестивал во кој професорите свират, учениците учат и настапуваат, а знаењето се третира како нешто што треба љубоморно да се чува. Животот на Васко Дуковски се случува меѓу Охрид, Њујорк, Кина, Julliard, современа музика, учење и настапи во триесет години, кои за човекот зборуваат повеќе од сѐ друго.

Cover Image for Кога гласот станува молитва преку дванаесет христијански химни на различни јазици

Кога гласот станува молитва преку дванаесет христијански химни на различни јазици

Крсте Роџевски одамна има интересен договор со публиката: да не ѝ го дава тоа што го очекува. Постојано се движи по работ на жанровите. Ја користи традицијата за да се врати назад, ја користи за да види колку далеку може да оди. А додека тој пее, над него е Богородица во ‘Света Софија‘. Околу контрабасите се светителите. Петмина музичари стојат среде сето тоа како дојдени од некое друго време.

Cover Image for GALIKA: Кога клубот ќе се пресели во коњски мањеж

GALIKA: Кога клубот ќе се пресели во коњски мањеж

Фестивалот не се обидува да ја победи планината. Само неколку часа живее во неа. Во целата приказна има еден детаљ што вреди повеќе од класично набројување на спонзори. А1 застана зад првото издание на Galika. Не зад фестивал со 20 години историја, туку зад прво издание. Зад идеја. Зад домашни артисти. Нова генерација што заслужува да биде слушната најсилно!
И градска публика што доброволно се качила на планината само за да танцува.

Cover Image for Пред камерата секогаш оди погледот на авторот

Пред камерата секогаш оди погледот на авторот

Не им верувам многу на луѓе што велат дека имаат идеи. Им верувам на луѓе што знаат да забележат. Идеите можеш да ги измислиш. Погледот не. Тој или го имаш, или засекогаш ќе ти бегаат најважните сцени. Можеби затоа отсекогаш сум мислела дека режисерите не се луѓе што снимаат филмови. Туку луѓе што одбиваат да поминат покрај светот пребрзо.

Cover Image for Галичник не глуми, затоа изгледа толку филмски

Галичник не глуми, затоа изгледа толку филмски

Галичник Филм Фестивал е мал бутик филмски фестивал. За само седум години неговите основачи Јана Пауноска и Марко Црногорски успеале да создадат нешто што денес не е само во редицата фестивали. Има карактер.
Годинава во програмата има филмови од повеќе од 30 земји. Војни. Ментално здравје. Осаменост. Миграции. Климатски промени. Семејства. Човечко секојдневие.
Сѐ што се случува зад прозорците на куќите во селата на падините што ѕиркаат зад големото филмско платно.

Cover Image for Фотографија што не сака да биде фотографија

Фотографија што не сака да биде фотографија

Кети Талевска Бакревска создава фотографија што одбива да биде брза. Одбива да биде совршена. Одбива да му се покорува на човекот. Работи со фотографска техника што се вика лумен принт. Без филтри. Без фотошоп.

Cover Image for Кој сè уште верува во змејови?

Кој сè уште верува во змејови?

Некогаш на децата им беше доволна една планина. Една патека што исчезнува зад дрвјата. Еден поток што лесно можеше да стане океан. Неколку гранки за колиба и доволно време еден обичен ден да се претвори во голема авантура.

Cover Image for Владо Пупиноски: Најубавите темели не се градат од бетон

Владо Пупиноски: Најубавите темели не се градат од бетон

По повеќе од две децении во Америка, музичарот и претприемач Владо Пупиновски се врати во Охрид. Денес зад него стојат неколку успешни проекти и еден вински подрум врежан во природна карпа, место каде што каменот, виното и тишината раскажуваат една сосема поинаква приказна за успехот.

Cover Image for Археологија на она што недостига: “Дама со девет камења” на Иванчо Талевски

Археологија на она што недостига: “Дама со девет камења” на Иванчо Талевски

IИзложба што нема да ја поминеш за десeт минути. Бара нешто многу незгодно: да размислуваш, да се сомневаш во сопствената меморија.
Што ако најважното нешто што сме го загубиле никогаш нема да знаеме дека било загубено?

Cover Image for Најубавиот сувенир од Охрид можеби не е предмет, туку една визита

Најубавиот сувенир од Охрид можеби не е предмет, туку една визита

Наместо класична вечера, осуммина гости седнаа на заедничка трпеза и го доживеаа Охрид преку неговите рецепти, приказни и гостопримство. А приказната почна со една обична, топла реченица: Повели на Визита!

Cover Image for Стравот како главен лик, оној што навистина ја уништува културата

Стравот како главен лик, оној што навистина ја уништува културата

Театарот ретко зборува за сопствените стравови. Полесно му е да зборува за историјата. За политиката. За војните. За туѓите неправди. Многу потешко е да зборува за моментот кога самиот уметник почнува да се плаши. Од системот на вредности. Ни и од сопствениот глас. Токму таму започнува „Повик“.

Cover Image for Вечера во музеј каде што никој не рече: „Не допирај.“

Вечера во музеј каде што никој не рече: „Не допирај.“

Може ли една вечера да биде изложба? Или уште подобро… Може ли еден музеј, барем за една ноќ, да престане да биде место каде што само ја гледаме уметноста и да стане место каде што конечно ќе ја вкусиме?

Cover Image for Книгите не знаат да пливаат, а Антолог веќе никогаш нема да изгледа исто

Книгите не знаат да пливаат, а Антолог веќе никогаш нема да изгледа исто

Во првиот век пред нашата ера горела Александриската библиотека. Денес, повеќе од две илјади години подоцна, една поплава во Скопје нè потсети дека цивилизацијата сè уште се мери со тоа како ги чува своите книги. Една недела по катастрофалното невреме што го уништи „Антолог“, издавачката куќа денес одбележува 27 години постоење. Наместо роденденска прослава, ја води најтешката битка во својата историја.