Nulta.mk Logo
null null
Уредник
Cover Image for null null
null null
Уредник
По завршување на Интердисциплинарните студии по новинарство работи во градски весник каде што се запознава со сето она што е потребно да се знае за да се стане не само новинар туку и иноватор во новинарството, да се биде таму каде што другите не се, да се истражат разни агли на животот и да се научи тајната на белешките. Еден период поминува во Париз каде што има прилика да се запознае со работата на некои дневни весници и францусккото издание на Вашингтон Пост.  Во период од 1988 до распаѓањето на Југославија живее во Белград каде што го следи исклучително активниот студентски печат на чело со весникот Студент што доминира покрај  познатите дневни весници Политика и Борба. Ја следи и работата на новинската агенција Танјуг, што подоцна ќе биде драгоцено искуство во нејзината работа.  Се враќа во Скопје и едно време работи на досиеја во тогаш актуелниот весник Пулс. Веднаш потоа станува уредник во Млад Борец, а потоа и главен уредник во весникот. Тоа е времето кога овој весник слави 50 години постоење, јубилејна година што покажува низ какви се предизвици поминува весникот на бунтовниците,  што подоцна сосема  ќе згасне.  Во 1996 година заминува во Стразбур каде што живее до 2000 година и каде што следи предавања на познатиот стразбуршки универзитет на Факултетот за политички науки.  Во 2001 година почнува да работи како уредник во новиот политички неделник Актуел, а наредната година станува дел од редакцијата на Фокус, каде што останува  до 2020 година. Освен новинар, во Фокус таа е сведок на тоа како политиката  руши се‘ што некогаш било новинарство и како му стои на патот за да биде реален одраз на она што се случува во општеството.  Паралено, во еден период е дел од кабинетот на градоначалникот на Општина Центар и подоцна, надворешен соработник во кабинетот на Претседателот на државата, задолжена за проектите во кои учествува сопругата на Претседателот.  Никогаш не престанува да пишува.  За новинарите постои едно правило дека никогаш не го оставаат сосема пишувањето, па ако им го земат медиумот каде што пишуваат, тие ќе пишуваат на ливчиња и салфетки, додека седат во ресторани. Ќе пишуваат говори, проекти, отчети, колумни, ќе промовираат на социјалните мрежи.  Таа е жив доказ дека ова е вистина.   

Прочитај повеќе од

Cover Image for АЈДЕ ДА СЕ РАДУВАМЕ…рече премиерот. Дајте ве молам за убави работи да зборуваме, ајде да се веселиме, празници се…

АЈДЕ ДА СЕ РАДУВАМЕ…рече премиерот. Дајте ве молам за убави работи да зборуваме, ајде да се веселиме, празници се…

Не прецизираше на кои луѓе мисли и кому се обраќа. Дали се тоа луѓето што секој ден на утринските емисии навиваат за него или оние што конечно фатија платено столче.
Кои се радосните луѓе и на што треба да се радуваат?